Куманово домаќин на спортската манифестација “Гимназијада“


Општина Куманово и Агенцијата за млади и спорт во соработка со Министерството за образование и наука, оваа година е организатор на државните спортски натпревари – “Гимназијада Куманово 2016“.
Куманово како град – домаќин на десеттата по ред Гимназијада, доби можност уште еднаш да се докаже како спортски град кој посветува големо внимание на развојот на спортот и спортските активности. Гимназијдата е можност за претставување на одлични ученици и екипи – спортски таленти. Оваа година во натпреварувањата, учество ќе земат над 1 000 ученици од целата држава.
Претседателот на организациониот одбор Жика Крстевски ја истакна подготвеноста на Куманово за одржување на манифестацијата:
– „Честа е голема за градот и општината од добивањето на потврда на нашата апликација за домаќини на игрите. Градот Куманово со една градска и уште четири спортски сали изградени по сите европски стандарди, со нова атлетска патека на веќе постоечкиот атлетски центар и градски стадион ќе се погрижи за квалитетно натпреварување. За овој настан ќе бидат ангажирани повеќе од 150 волонтери од Куманово, кои се надеваат се да помине во најдобар ред и сите учесници да заминат од Куманово со позитивни впечатоци“,рече претставникот на градот Куманово.
DSC_0030

DSC_0036

DSC_0037

DSC_0040

DSC_0041

DSC_0042

DSC_0043

DSC_0051

DSC_0057

DSC_0059

DSC_0060

DSC_0070

DSC_0074

DSC_0080

DSC_0101

DSC_0102

DSC_0105

DSC_0111

DSC_0118

DSC_0122

DSC_0131