Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Куманово домаќин на јавната дискусија „Народниот правобранител и локалната власт: Подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните“

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска ја отвори јавната дискусија на тема „Народниот правобранител и локалната власт: Подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните“.

Настанот е организиран од Народниот правобранител, Општина Куманово и НВО Инфоцентарот, а главната цел е фокусот врз улогата на Народниот правобранител како клучна институција во заштита на правата на граѓаните, и начините за подобрување на соработката на локалните власти, државните и јавните институци на локално ниво, со Народниот правобранител.

Градоначалникот Димитриевски говореше пред присутните за елементарните права на граѓаните во општеството и обврската на локалната самоуправа во давањето на соодветни услуги на граѓаните, како и за соработката меѓу општината и Советот на општината со народниот правобранител со цел унапредување на правата на граѓаните.

Свое обраќање имаше и народниот правобранител Иџет Мемети.

Овој настан се организира во рамки на проектот „Граѓанскo набљудување на Народниот правобранител“, спроведуван од НВО Инфоцентар, а поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст