Ликовна колонија “Куманово 2016“


На 03 Септември 2016 година (сабота) во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во с. Пелинце, Куманово, започнува Ликовната колонија “Куманово 2016”.

Ликовната колонија “Куманово” се организира од страна на Општина Куманово (Сектор за култура и Фондација за култура и спорт) и Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово уште од 1974 година. Повеќе од 600 значајни уметници од целиот свет зеле учество и оставиле (донирале), повеќе од 900 уметнички дела, кои сега се сместени во депото на Уметничата галерија во Куманово.

На овогодинешната Колонија ќе земат учество голем број на реномирани уметници како од Републикава, така и од странство.