Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Максим Димитриевски: Ќе се грaди ,,Парк на пријатели на Куманово”

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

По вчерашната Седница на Советот на Општина Куманово во врска со мојата изјава за  поставување на спомен облежје на американската фирма КБР пред комплексот базени сакам да дообјаснам:

Идејата на општина Куманово и на мене како Градоначалник е пред комплекосот “Отворен и Затворен базен” да направиме парк кој ќе го наречеме „Парк на пријатели на Куманово„.Во интерес на озеленување на градскиот централен регион и создавање на пријатно место за одмор и реласкација на граѓаните во овој град, во паркот ќе има фонтана, а покрај неа спомен постамент на која ќе се постават спомен плочи за благодарност на сите правни и физички лица кои направиле значајни работи за граѓаните, во која било сфера од животот на нашата општина. Општина Куманово заедно со Советот ќе направи листа на пријатели, за кои ќе бидат изготвени и соодветни одлуки и благодарници. Граѓаните на Куманово треба да имаат пријатели, но уште поважно е тие пријателства да се негуваат и продлабочуваат.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст