Манифестацијата “Денови на мед“ во Куманово


Оваа година се одржува традиционалната шеснаесетта саемска манифестација “ Денови на медот“ на пчеларското здружение Пчела.
Манифестацијата ја отвори Градоначалникот Зоран Дамјановски, а граѓаните ќе имаат можност на 22 и 23 септември да ги посетат штандовите на градскиот плоштад каде што се понудени голем избор на мед и медови производи како и пчеларска опрема.