Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Меморијален турнир во чест на ракометарката Јасмина Голубовиќ во Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Советот на Општинатаденеска остварија средба со членките на Здружението на ЖРК Куманово-активни ветеранки. Целта на средбата беше иницијатива од страна на Здружението за организирање на Меморијален турнир во чест на ракометарката Јасмина Голубовиќ, која беше активна во 60-тите години, носејќи му успеси на матичниот клуб.Нејзината умешност како белег на женскиот ракомет во Куманово, остави значајни резултати.Поттикнати од нејзините заслуги за успесите на овој клуб, со поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, ќе биде реализиран Меморијален турнир во нејзина чест.Во текот на идниот месец, на реконструираното спортско игралиште во Соколана, на ревијалниотнатпревар на ветеранки на ЖРК, ќе учествуваатракометарки од повеќе генерации на клубот.Димитриевски истакна дека ова е вистински начин да се сочува споменот, трудот и придонесотна заслужните спортисти, како пример за идните генерации, кои имаат намера активно да се вклучат во спортскиот живот. 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст