Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ОБЈАВА БР.02/2018

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Објава бр.02/2018 на оглас за давање под закуп  недвижни ствари- по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ.

Предмет на електронско јавно наддавање е издавање под закуп на недвижни ствари – деловен простор дел од објектот ЗАТВОРЕН ГРАДСКИ БАЗЕН СО ПРАТЕЧКИ СОДРЖИНИ КУМАНОВО, сопственост на Општина Куманово, кои се издаваат под закуп со дадена согласност со Одлука на Совет на Општина Куманово, за времетраење од 5 (пет) години од денот на потпишување на Договорот за најповолниот понудувач и деловен простор сопственост на Ј.П. Пазариште Куманово, кои се издаваат под закуп согласно Олуката на Управниот одбор на Ј.П. Пазариште за издавање под закуп на деловен простор, број 02-273/5 од 13.06.2018 г. и дадена согласност со Одлука на Совет на Општина Куманово, за времетраење од 5 (пет) години од денот на потпишување на Договорот за најповолниот понудувач.

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на електронското јавно наддавање. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање се доставуваат во рок од 13  дена од денот на објавувањето на огласот, заклучно со ден 18.07.2018 година, во електронска форма на следната интернет страница  www.e-stvari.mk .Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои согласно закон  ги исполнуваат условите дадени во објавата.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст