Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одбележани 22 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ)

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска присуствуваше на свеченото одбележување на 22 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ) во касарната “Боро Менков”-Куманово. Во 2020 година Kомандата на Бригадата на Југоисточна Европа го започна шестгодишниот работен престој во РСМ, со седиште во Куманово. Бригадата на Југоисточна Европа е формирана во 1999 година, врз основа на договорот за регионална соработка на полето на одбраната, познат како договор за Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), кој во 1998 година во Скопје го потпишаа Министрите за одбрана на: Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Северна Македонија, Романија и Турција. 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст