Општествена одржливост и активно граѓанско учество


Со цел заокружување на процесот и на активностите кои досега беа реализирани во општина Куманово како дел од компонентата „Општествена одржливост и активно граѓанско учество (ООГУ)“, а во рамките на Програмата за урбано партнерство и зајакнување на капацитетите на локалните власти во Југоисточна Европа на Светска банка – Австрија, се одржа работен состанок на претставници на групите од Работилницата за партиципативен развој на сценарија за подобрување на општествената одговорност и граѓанското учество на локално ниво.Активностите во рамки на компонентата ООГУ во општина Куманово се во реализација на работната група од Секторот за Локален економски развој при општина Куманово и тимот на „Коалицијата за одржлив развој – КОР“ од Скопје, одговорен за ООГУ во Македонија. Врз основа на приоритетите детектирани во текот на Работилницата од страна на сите групи, целта на работниот состанок беше изработка на нацрт Акциски план, со кој поконкретно би се дефинирале чекорите (краткорочни и среднорочни) за зајакнување на општествениот одржлив развој на општината, поголем интегритет во пружањето на јавните услуги и зголемување на граѓанското учество.Дополнително, ваквиот пристап треба да придонесе за зголемување на „чуството на одговорност” за предложените интервенции во Акцискиот план, со тоа што тие (делумно или целосно) би станале дел од агендата на локалната власт, невладините организации, но и на претставниците на граѓанското општество (граѓаните) преку активно вклучување во нивната реализацијаи.