Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Куманово е една од петте општини кои добија можност да учествуваат на проектот „Поддршка на локалните самоуправи на Северна Македонија во промоција на одржлива урбана мобилност”

Општина Куманово аплицираше на јавен повик објавен од Заедниците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и Германска агенција за меѓународен развој – GIZ за проектот „Поддршка на локалните самоуправи на Северна Македонија во промоција на одржлива урбана мобилност„.

Овој проект во кој освен општина Куманово учествуваат и општините Карпош, Охрид, Кавадарци и Битола , предвидува промоција, планирање и градење на капацитетите во спроведување на активности за урбана мобилност, темелени на модел на оптимални трошоци и иновација. Активностите на овој проект се однесуваат на изработка, усвојување и имплементација на План за одржлива урбана мобилност (SUMP). За таа цел на секоја од петте општини ќе и биде доделен експерт кој во соработка со локалниот тим ќе го имплаеметираат целокупниот проект за да истиот биде одобрен. За сите фази од проектот ќе бидат информирани и вклучени граѓаните, а првата активност ќе започне на 19 Август 2019 година. Инаку изработката на овој тип на плански документ во тендерска постапка чини 40.000,00 евра што значи дека, Општина Куманово преку добивање на овој проект ќе ја заштеди оваа сума.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст