Општина Куманово со поддршка за Бранимир Јовановски, учесник на Параолимпијадата во Рио


Општина Куманово овозможи финансиска помош како поддршка за Бранимир Јовановски и неговиот тим за Параолимпијадата во Рио, Бразил. Во својство на тренер овој врвен спортист, ќе ја предводи македонската екипа во стрелаштво. Јовановски има учествувано на седум параолимпијади, од кои на четири како натпреварувач при што има освоено златен медал.

Јовановски е горд што може своето искуство да го пренесе на помладите и спортски да го промовира нашиот град и државата.