Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Куманово ја потпиша Граѓанската повелба – „Глобална рамка за учество на граѓаните“

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска градоначалникот Максим Димитриевски беше дел од говорниците на конференцијата  „ГРАЃАНСКА ПОВЕЛБА – Глобална рамка за учество на граѓаните“ која се одржа во хотел Сити Парк во Скопје, во организација на ЦИВИЛ и Меѓународниот центар за граѓанско општество (ICSC).

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски потенцираше дека е голама чест да се говори за Граѓанска повелба, и додаде дека ако сакаме да направиме здраво општество мора да направиме здрава индивидуа.

„Во име на граѓанин и ми биле кршени правата во изминатите 12-13 години, сега имам можност да кршам некои права и верувајте тенка е границата. Ја поддржувам иницијативата на ЦИВИЛ и локалната власт има обврска да ги исполни правата на граѓаните.
Ми се случува како градоначалник некој да бара од мене да ги барам неговите права, меѓутоа апелирам до сите да си ги бараат самите своите права. Мора да бидеме свесни дека има маргинализирани групи кои не може да си ги остварат своите права. Благодарени на НВО тие маргинализирани групи имаат можност да си ги остварат. Општината треба да дава морална, но и материјална поддршка за одреден проект на граѓанското општештво“, додаде Димитриевски.

Инаку Максим Димитриевски е првиот градоначалник  во Македонија,но и пошироко кој ја поддржа меѓународната повелба за граѓанско учество.

Преку денешниот настан јавноста се запозна со целите на ГРАЃАНСКАТА ПОВЕЛБА и можностите за меѓусекторска соработка и партнерства. Воедно, оваа беше  можност за новите поддржувачи и членови на организацијата да се сретнат и да разменат информации, идеи и планови за идните чекори на организацијата.

Граѓаните имаат можност на самата конференција да ја потпишат поддршката на Граѓанската повелба.

Почитувањето на човековите права и слободи и граѓанското учество во обликувањето на општествата е суштинска потреба на новото време. Овој нов, глобален документ, го засилува гласот на граѓаните за повеќе права и слободи, за повеќе простор за активно граѓанско учество во процесите на донесување на одлуки на локално, државно и глобално ниво.

На денешната конференција ЦИВИЛ ,  и Меѓународниот центар за граѓанско општество (ICSC),  ги презентираат своите гледишта и можностите за соработка меѓу граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедницата, политичките партии и други засегнати страни и структури кои донесуваат одлуки во земјата.

„ГРАЃАНСКА ПОВЕЛБА – Што има тука за мене?“ е пилот проект преку кој ЦИВИЛ продолжува да ја промовира Граѓанската повелба на еден иновативен начин. Ова вклучува истражување на можностите за воспоставување меѓусекторска соработка и партнерства за усвојување и доследно спроведување на Граѓанската повелба.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст