Педесет и втора седница на Советот на Општина Куманово


Во среда, 25 мај 2016 година (среда), со почеток во 10.00 часот ќе се оддржи 52-та седница на Советот на Општина Куманово.

ДНЕВЕН РЕД

• Усвојување на записникот од Педесет и првата седница на Советот на Општина Куманово

1. Годишен Извештај за 2015 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“;
2. Информација за реализирани активности на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции на Општина Куманово;
3. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висина на комуналните такси;
4. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Куманово;
5. Предлог – Одлука за отстапување на користење, управување и одржување на садови за собирање на отпад од пакување на ЈП „Чистота и зеленило“- Куманово;
6. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на подрачја на основните училишта на град Куманово за прием на училишните обврзници;
7. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статут на ЈП „Куманово – Гас“-Куманово;
8. Предлог – Одлука за формирање на Комисија за изготвување на Предлог-Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја во Општината Куманово;
9. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2016 година;
10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1834 и 1836, м.в. Село, КО Четирце – Општина Куманово;
11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 923, м.в. Река, КО Орашац – Општина Куманово;
12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1402, м.в. Банковица, КО Доброшане – Општина Куманово;
13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 219, м.в. Ветерна Воденица, КО Тромеѓа – Општина Куманово;
14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 415/2, м.в. Еребичарник, КО Довезенце – Општина Куманово;
15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 694, м.в. Мајорово Трло, КО Куманово – Општина Куманово;
16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1100, м.в. Поток, КО Орашец – Општина Куманово;
17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2779/2, м.в. Црно Поле, КО Горно Коњаре – Општина Куманово;
18. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП- Спорт и рекреација СР во А1-Домување во станбени куќи за дел од УЕ „Гоце Делчев“, дел од УБ 26 за КП 4104/1 – Општина Куманово;
19. Предлог – Одлука со која не се утврдува потреба од измена на урбанистичко – планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП ЗП (заштитен појас) покрај регионален пат Р1204 делница Куманово-Свети Николе –со намената на земјиштето на бесправно изградените објекти за дел од УЕ „Гоце Делчев“ УБ 27 – Општина Куманово