Педесет и девета седница на Советот на Општината Куманово


совет
На ден 09 ноември 2016 година (среда), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи педесет и деветата седница на Советот на Општина Куманово.

Дневен ред

1. Информација за запишување на училишни обврзници во прво одделение во општинските основни училишта и состојби во основното образование во Општина Куманово во учебната 2016/2017 година;
2. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со под 24 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта во учебната 2016/2017 година;
3. Информација за запишување на ученици во I – ва година и состојби на средните училишта и ЈУ – ОУД „Професор Мијалковиќ“ во Општина Куманово во учебната 2016/2017 година;
4. Предлог – Одлука за давање на согласност за формирање на паралелки со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2016/2017 година;
5. Предлог – Решениe за именување на претставници од Општината Куманово за членови на училишниoт одбор во Основното училиште „Вера Которка“ – с. Клечовце;
6. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општината Куманово за 2016 година;
7. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2016 година;
8. Програма за измена на Програмата за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2016 година;
9. Програма за измена на Програмата за работа на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово за 2016 година;
10. Програма за измена и дополнување на Работната програма за 2016 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
11. Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2016 година;
12. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово за период Април – Јуни 2016 година;
13. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување цена на влезници за користење на затворен градски базен во Куманово;
14. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени на угостителски услуги за ресторан Кеј и бифе Базен;
15. Предлог – Програма за изменa на Годишна Програма на културни манифестации во Општина Куманово за 2016 година;
16. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2016 година;
17. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2016 година;
18. Предлог – План на програми за развој на Општината Куманово за 2017 година;
19. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2017 година;
20. Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2017 година;
21. Предлог – Оперативен план за реализација на Програма за развој на социјална заштита во Општина Куманово 2015 – 2017 – за 2017 година;
22. Информација за реализирани активности од областа на социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита од 2013 до 2016 година;
23. Предлог – Одлука за формирање на Локално координативно тело за развој на превенција од социјални ризици во Општина Куманово;
24. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на Македонска православна црква – Охридска архиепископија – Скопје, Кумановско – Осоговска Епархија;
25. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Клечевце, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;
26. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Општина Куманово.