Педесет и петта седница на Советот на Општина Куманово


На 08 јули 2016 година (петок), со почеток во 10:00 часот ќе се одржи педесет и петтата седница на Советот на Општина Куманово.
Дневен ред

• Усвојување на записникот од Педесет и третата седница на Советот на Општина Куманово

1. Тримесечен Извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2016 – 31.03.2016 година;
2. Извештај за реализираната Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2015 година;
3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за цени на угостителски услуги во Парастас сала;
4. Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за продажба на селектиран отпад;
5. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Тромеѓа, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;
6. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Четирце, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;
7. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Доброшане, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;
8. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Лопате, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;
9. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за една градежна парцела на КП 19471 г.п. 1 за дел од УЕ „Б. С. Гојчо“, УБ 44, плански опфат меѓу ул. „Миле Кипра“ и ул. „Љупчо Арсов“ – Општина Куманово;
10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1320/2, м.в. Поток, КО Орашец