Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Покана за трета форумска сесија

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

 Североисточниот плански регион со особена чест и задоволство Ве поканува да учествувате на третата Форумска сесија, во рамки на програмата „Регионални форуми во заедницата “ која ќе се одржи на 13 март (среда) 2019 г., во ресторант ,,Грација,, во населба Карпош во Куманово, со почеток во 12 часот. Североисточниот плански регион, во соработка – партнерство со Швајцарската Аенција за развој и соработка и Министерството за Локална Самоуправа реализира „РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА,, како дел од проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”. Целта на форумот е да се зајакне граѓанското учество во процесите на одлучување на локално и регионално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните и регионалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница. На третата форумска сесија од „Регионалнииот форумски процес во СИПР,, ќе бидат презентирани и рангирани/приоретизирани шесте регионални проекти предложени и утврдени од учесниците на форумот на првата и втората форумска сесија.

За сите дополнителни информации во врска со форумските сесии лице за контакт е Координаторот на форумот Владимир Павловски, Тел. 071 260 022 ilindenska@gmail.com. СИПР , Директор Младен Протиќ

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст