Помош за Град Скопје од Општина Куманово


Советот на Општина Куманово на денешната вонредна седница донесе одлука за донирање на еден милион денари на Град Скопје, за санирање на штетите во поплавените подрачја. Исто така на денешната седница,советниците изгласаа и одлука за помош на семејаството на нашата сограѓанка Жаклина Величковска,која загина во невремето на обиколницата кај Смилковско Езеро во висина од 180 000 денари. sovet