Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Постои нешто што сите не спојува” во ООУ “Браќа Рибар”-с.Табановце

ООУ„Браќа Рибар“-с.Табановце денеска со пригодна свеченост, под мотото “Постои нешто што сите не спојува”, го одбележа патрониот празник. Беше презентирана пригодна програма со музички настапи и драмски изведби од страна на учениците. На патрониот празник присуствуваа секретарот на Општина Куманово, претседателката на Советот, претставници на општинска администрација и првиот советник (конзул) во Амбасадата на Р Србија. Ова училиште, во кое наставата се изведува на македонски, албански и српски јазик, функционира од 1964 година.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст