ПП Квиз натпревар


Денес во Центарот за култура ,,Трајко Прокопиев”, Противпожарниот сојуз на Македонија заедно со Општинскиот противпожарен созуј Куманово, го организираше триесет и вториот регионален противпожарен квиз натпревар.
На натпреварот учество зедоа прво-пласираните екипи од општинските натпревари од Куманово, Кратово, Свети Николе и Пробиштип, а победата им припадна на кадетите учесници од ООУ ”Крсте Мисирков” Куманово и младинците учесници од СОУ Гимназија ”Гоце Делчев” Куманово.