Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прва официјална посета на Н.Е. амбасадор на Р Финска во РСМ, Кимо Лахдевирта

Прва официјална посета на Н.Е. амбасадор на Р Финска во РСМ, Кимо Лахдевирта
Денеска во прва официјална посета на Општина Куманово беше Н.Е. амбасадор на Република Финска во Република Северна Македонија Кимо Лахдевирта, резидентен во Белград, кој имаше работна средба со градоначалникот на Општината Максим Димитриевски. Целта на средбата беше поддршката од страна на амбасадорот за унапредување на начинот за депонирање и изнесување на отпад. Општина Куманово изврши набавка на подземни и полуподземни контејнери за собирање на комунален смет од финската компанија “Молок”, која произведува контејнери за длабоко собирање отпад. На средбата се разговараше и за развивање на плодна соработка во повеќе области преку имплементација на идни заеднички проекти со Р Финска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст