Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Презентирани активности од програмата “Социјална кохезија и културен дијалог” во Детската градинка “Ангел Шајче”

ЈОУ Детска градинка Ангел Шајче-Куманово е изберена за пилот градинка, каде денеска во објектот Бубамара беа промовирани позитивни практики во рамките на програмата Социјална кохезија и културен дијалог. Согласно важноста за рано учење и развој, Министерството за труд и социјална политика на РСМ со поддршка на УНИЦЕФ и амбасадата на Велика Британија,започна со програмата, која овозможува баланс на развој на когнитивните вештини и писменоста, со посебно внимание на емоционалниот и социјалниот развој, со примена на нови алатки, стратегии и техникиелта е да се подобри квалитетот на предучилишното образование и да се дизајнира програма за воспитувачи во предучилишните установи за подобрување на нивните компетенции и на условите во градинките, за да децата развијат свест за својата личност и да научат да ги ценат различностите кај луѓето и околината. Оваа програма успешно се имплементира во градинката Ангел Шајче, во која се вклучени и семејствата, со што децата имаат можност и дома да продолжат со активности. На настанот присуствуваа секретарот на Општина Куманово и претседателката на Советот на Општината.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст