Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прогласени првенци на генерација за учебната 2020/2021 година

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во Занаетчиски Дом-Куманово беа доделени дипломи и награди на најдобрит еученици – првенци на генерација за учебната 2020/2021 година, по повод Денот на сесловенските просветители,Кирил и Методиј. Со награди се закитија 31 ученик, од кои 28 од општинските основни и средни училишта и 3 од општина Старо Нагоричане. Насвечениотнастансе обрати Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски и им додели признанија на најдобрите ученици, истакнувајќи го значајното дело на просветителите и улогата на просветните работници, а на учениците им честиташе за достигнувањата,посакувајќи им уште поголеми успеси во понатамошното образование.Овој настан традиционално се организира од страна наГрадоначалникот и Советот на Општина Куманово, преку Секторот за образование и Здружението на просветни работници – Куманово.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст