Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна средба на градоначалникот Димитриевски со градоначалникот на Општина Нова Де Појес, Жоао Мигел Хенрикс и гостите од Португалија

Градоначалникот Димитриевски заедно со секретарот на Општина Куманово и претставници од општинската администрација денеска одржаа работна средба со градоначалникот на Општина Нова Де Појес, Жоао Мигел Хенрикс и останатите гости од Португалија, кои заедно со организацијата “Оксижен”- Скопје се партнери на Еразмус + проектот Sport Nature 3.0.

На средбата се разговараше за актуелната младинска и спортска динамика на општините и можна идна соработка во повеќе општествени области помеѓу двете држави. Дел од активностите на проектот се реализираат во Куманово преку бележење на велосипедска и пешачка патека на локалитетот Студена Вода.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст