Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна средба на градоначалникот Димитриевски со Заменик-шеф на Мисијата во Амбасадата на САД Ерик Мејер

Денеска во посета на Општина Куманово беа Заменик-шеф на Мисија во Амбасадата на САД во Скопје Ерик Мејер, шефот на Политичко-економската канцеларија Кристофер Зимер, политичкиот советник Рејчел Калинс и Кристина Каранакова политички аналитичар во Амбасадата на САД, при што одржаа работна средба со Градоначалникот Димитриевски. На средбата разговараа за повеќе актуелни теми од локален и национален карактер.

По состанокот, Градоначалникот Димитриевски, заедно со шефот на Политичко-економската канцеларија Кристофер Зимер, политичкиот советник Рејчел Калинс и Кристина Каранакова политички аналитичар во Амбасадата на САД се приклучија на работниот состанок на Локалниот совет за превенција и Акцискиот тим во заедницата за превенција и спречување на насилен екстремизам. На состанокот се разговараше за активностите и проектите кои ги има реализирано Акцискиот тим во заедницата во поглед на превенција и спречување на насилен екстремизам во изминатиот период.

Беа разгледани идните планови и активности кои би можеле да бидат спроведени, како и можностите за продлабочување на соработката и унапредување на односите помеѓу заедниците.

На настанот присуствуваше Претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, претставници од Центар за социјални работи, Народен правобранител, претставници од НВО секторот, СВР Куманово и Општинска администрација.

Претставниците на Амбасадата на САД ги поздравија активностите на Локалниот совет за превенција и Акцискиот тим во заедницата и ја истакната нивната поддршка во превенција и спречување на насилен екстремизам.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст