Реакција на Градоначалникот Зоран Дамјановски

Реакција на Градоначалникот Зоран Дамјановски


„Во фаза на предизборието власта врши политички прогон кон сите неистомисленици, а еден од серијалите што се случува е денешната кривична пријава против мене. Се работи за крстосница изградена пред 8 години врз основа на одобрение на градба и Детален урбанистички план, техничка документација и сообраќајно решение за семафорска сигнализација, со ревизија од лиценцирана фирма. Тоа што не е извршен технички прием е поради нерегулираните имотно-правни односи на дел од улиците Трета МУБ и Егејска Македонија, бидејќи таму се изградени повеќе дивоградби, а во тек е процесот на легализација. Неколку пати се обидувавме да извршиме упис во Катастарот, но не успејавме поради немање техничка софтверска подршка. Виновникот за сообраќајните несреќи на посочената улица не може да биде градоначалникот, затоа што тој не го контролира сообраќајот ниту пак е одговорен за сообраќајната култура во градот. Очигледно е дека се прави обид да се префрли вината на сите што не мислат како партијата на власт, туку се борат за демократија и слобода во Република Македонија“ – изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.