Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Реализација на темата “Да живее културната разноликост” во рамки на “Еразмус +” програмата

Секретарот на Општина Куманово Гелевски и Претседателката на Советот Ѓорѓиевска денеска во просториите на Општина Куманово се сретнаа со професори-претставници од Хрватска, Турција, Португалија и Грција, кои со СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово работат на проект од програмата “Еразмус +”. Активностите на проектот започнуваат од Куманово, а темата на која делуваат е  “Да живее културната разноликост”. Преку учење и другарување на учениците од овие држави, ќе бидат одржани работилници, презентации, квизови. На денешната средба беа разменети искуства за едукација преку тимска работа, како и очекувањата од овој проект.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст