Реновирани просториите на младинскиот центар МултиКулти


Центарот за интеркултурен дијалог со подршка на Оштина Куманово свечено го отвори реновираниот младински центар МултиКулти, со кој ќе се овозможи подобар простор за интеркултурно учење на младите.Во рамки на отворањето, МултиКулти се вклучи во прославувањето на Global Bubble Dayили Меѓународниот ден на водени меури, кој има за цел да шири позитивна енергија и да ги направи луѓето среќни.
На настанот беше презентиран новиот изглед на МултиКулти со реновираните простории, каде ќе се промовираат идните проекти и работилници на центарот во рамките на проектот МултиКулти Local South Service поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Во последниве два месеца, како дел од овој проект средношколците од сите средни училишта во Куманово имаат можност да присуствуваат на работилници на теми: театар, фотографија, интерес и кариера и уметност од рециклирачки материјали. Сите работилници се двојазични (на македонски и албански јазик) и ги користат методите на неформалното образование.
Nikola Savevski - IMG_1295

MK Bubble Party (130)

MK Bubble Party (114)

IMG_3432

IMG_3417

IMG_3385

IMG_3382