Светска недела на детето


По повод Светската недела на детето, во посета на Општина Куманово беа дечиња од основните училишта во градот. Во општината ги прими Градоначалникот Зоран Дамјановски, на кој му врачија свои творби, изведуваа стихотворби и поставуваа прашања. Подоцна имаа можност да ги посетат просториите на општината и да се запознаат со работата на локалната самоуправа. Градоначалникот Дамјановски ја истакна својата благодарност до Здружението за грижа и воспитување на деца за нивната посветеност надвор од училишните активности.