Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се уредува спомен Костурница

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

По подолго време, денеска започнаа да се асфалтираат патеките на Спомен Костурница во Куманово. Се врши целосна реконструкција на патна инфраструктура околу самиот локалитет. Од страна на ЈП „Чистота и Зеленило„ ќе се изврши партнерно уредување и поставување на урбана опрема, а од „ЈП Куманово Паркинг„ ќе се постави ново улично осветлување, односно нови канделабри. Според Градоначалникот, се очекува целосната реконструкција на овој локалитет да биде завршена за еден месец.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст