Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на РМ” бр. 199/14, 44/15, 193/15 ,31/16 и 163/16 ), член 50 став 1 точка 4 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр. 5/02) и член 25 став 1 точка 7 од Статутот на Општината Куманово (“Службен гласник на Општина Куманово” бр. 13/03, 13/07 и 8/15), Градоначалникот на Општина Куманово го дава следново соопштение:

СООПШТЕНИЕ

За организирање на Јавна анкета и Јавна презентација по

  1. Предлог – Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Стари Лојза” дел од Урбан блок 13, плански опфат меѓу пешачка патека, Регионален пат Р1204, пешачка патека и ул. “Новопланирана“ – Општина Куманово, плански опфат со површина од 1,1799 ха.
  2. Предлог – Измена и дополна Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Проевце” дел од Урбан блок 23-а плански опфат меѓу ул. “Сервисна улица 1”, ул. “Сервисна улица 2”, граница на Урбана Единица и Урбан Блок, пешачка улица и ул. “Станбена улица 2” – Општина Куманово, плански опфат со површина од 18342,86 м2.
  3. Предлог – Детален урбанистички план за дел од У.Е. “11-ти Октомври” дел од Урбан блок 37, плански опфат меѓу ул. “2008”, ул.”Никола Тесла”, пешачка патека, ул. „Новопланирана 1“, ул. “Новопланирана 2“ и граница на КП 9501 – Општина Куманово, плански опфат со површина од 18662,84 м2.

 

Јавната анкета и Јавната презентација по Предлог ДУП-вите ќе се спроведе со излагање на Предлог ДУП-вите во Општинските витрини на градскиот Плоштад, кои се наоѓаат кај поранешен ’’Тутун’’-Куманово.

Јавната анкета ќе трае 10 работни денови започнувајќи од 05.02.2019 заклучно со 18.02.2019.

За времетраењето на јавната анкета заинтересираните физички и правни лица подетални информации можат да добијат во Општина Куманово, Сектор за урбанизам и комунални дејности и заштита на животната средина и природата.

Во текот на јавната анкета свои предлози или забелешки можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни ливчиња.

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

 На ден 14.01.2019 година во 12ºº часот, во салата за состаноци во Општина Куманово се организира Јавна презентација со стручно презентирање на

  1. Предлог – Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Стари Лојза” дел од Урбан блок 13, плански опфат меѓу пешачка патека, Регионален пат Р1204, пешачка патека и ул. “Новопланирана“ – Општина Куманово, плански опфат со површина од 1,1799 ха.
  2. Предлог – Измена и дополна Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Проевце” дел од Урбан блок 23-а плански опфат меѓу ул. “Сервисна улица 1”, ул. “Сервисна улица 2”, граница на Урбана Единица и Урбан Блок, пешачка улица и ул. “Станбена улица 2” – Општина Куманово, плански опфат со површина од 18342,86 м2.
  3. Предлог – Детален урбанистички план за дел од У.Е. “11-ти Октомври” дел од Урбан блок 37, плански опфат меѓу ул. “2008”, ул.”Никола Тесла”, пешачка патека, ул. „Новопланирана 1“, ул. “Новопланирана 2“ и граница на КП 9501 – Општина Куманово, плански опфат со површина од 18662,84 м2.

Градоначалник

Максим Димитриевски

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст