Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

СООПШТЕНИЕ

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Се известуваат сите граѓански организации што аплицираа на „Јавниот повик за граѓански организации за поднесување на предлог проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)” во општина Куманово, кој беше отворен од 13 март 2018 до 09 април 2018, дека повикот е поништен и ќе биде повторно објавен во септември/октомври 2018.

 

Повикот ќе биде отворен за сите граѓански организации од општина Куманово. Имајќи ги предвид научените лекции од првиот повик, а со цел јакнење на капацитетите на граѓанските организации и нивно подобро подготвување за новиот повик, ќе бидат организирани нови инфо сесии и дополнителни обуки/менторства за заинтересираните граѓански организации.

 

Информациите за новиот јавен повик и за сите останати активности поврзани со повикот ќе бидат објавувани на интернет страниците на општина Куманово и на УНДП.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст