Со Музички перформанс ќе се оддбележи 3-ти декември- Меѓународен ден на лицата со попреченост


На ден 2 декември 2016 година во салата на Народен театар Куманово, ќе биде одржан сценско-музички перформанс „Пат околу светот“ во рамки на проектот „Моќно образовно партнерство“ – Програма Општинско-корисна работа 2016 по повод 3-ти декември- Меѓународен ден на лицата со попреченост.
Реализацијата на активностите од проектот „Моќно образовно партнерство“ Општина Куманово ја започна на 15 септември 2016 година и со истата ќе продолжи до 14 март 2017 година, како составен дел од Програмата Општинско-корисна работа 2016, во која се вклучени страни се Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Министерство за труд и социјална политика, ЈУМ Центар за социјална работа- Куманово и Агенција за вработување на Република Македонија- ЦВ Куманово, како и локални партнер институции.
Сценско-музичкиот перформанс е организиран од страна на Општина Куманово- Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, ангажираните лица во рамки на проектот и корисниците на проектните услуги- лицата со попреченост.
Ве покануваме и очекуваме да бидете дел од нашето патување околу светот.

Општински тим за реализација на проектот