Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Теренска симулациона вежба

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски заедно со Министерот за здравство Венко Филипче, присуствуваа на теренска симулациона вежба – поплави со повредени, давеници и повредени бремени жени. Вежбата беше организирана од острана на Министерство за здравство, Светската здравствена организација и Фонд за население на Обединети нации, а се одвиваше на речното корито на реката Липковка. Целтта на вежбата е да се тестираат посебните Стандардни оперативни процедури од Планот за подготвеност и одговор на здравствениот систем при справување со итни, кризни состојби и катастрофи. Исто така, оваа вежба придонесува за зајакнување на капацитетите на тимовите за укажување итна медицинска служба во Куманово, да одговорат на потребите за време на поплави преку евалуација на повеќе функции од планот за подготвеност и одговор при кризни состојби. Оваа евалуација го вклучува координирањето на активностите на повеќе тимови, тестирање на итни медицински служби и капацитетот на одговор при итни состојби на оперативнте тимови во Куманово. Учесници на Симулационата вежба беа: Итна медицинска помош при Здравствен дом – Куманово, Општа Болница – Куманово, Црвен Крст на РМ, Црвен Крст на ОО Куманово и ТППЕ Куманово, Општина Куманово, СВР Куманово, РЦУК – Куманово, ДЗС ПОЗС – Куманово, НВО ХЕРА.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст