Трибина со студенти од Архитектонскиот факултет


На 13 октомври (четврток) во свечената сала во зградата на поранешните општествено – политички организации, се одржа трибина за урбанистичко планирање на темата “Начин на постапка за донесување и спроведување на урбанистичка постапка“. Трибината беше предводена од Раководителот на Сектор за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина и природа, Лидија Ланг Спасовска, а учество зедоа професорите и студентите на петта година на Архитектонскиот факултет. На истата учесниците имаа можност да се запознаат со практичната работа на Секторот за урбанизам во Општина Куманово.