Честитка од Градоначалникот Зоран Дамјановски за Илинден


Историската и духовната традиција на овој празник се доказ за непокорливоста на македонскиот народ, а неговоото празнување е оддавање почит на битката за самостојност и независност. Денеска им оддаваме почит на нашите херои кои го дале својот живот за слободна и независна Македонија, дом за сите граѓани кои живеат тука. Денес се навршуваат 113 години од почетокот на Илинденското Востание и 72 години од првото заседавање на АСНОМ. По тој повод на сите жители на Куманово и на сите граѓани на Република Македонија, им го честитам големиот национален празник Илинден.admin-ajax