Честитка од Градоначалникот Зоран Дамјановски по повод Курбан Бајрам


На сите граѓани од исламска вероисповест им го честитам празникот Курбан Бајрам со желба за добро здравје, среќа, мир и благосостојба. Посакувам соживот и единство помеѓу заедниците и со меѓучовечко почитување и разбирање и понатаму да градиме поубава иднина за Куманово.