Честитка од Градоначалникот Зоран Дамјановски по повод Рамазан Бајрам


На сите граѓани од исламска вероисповест им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам со желба за добро здравје, среќа,  радост и успех во животот. Овие моменти се добра можност за изразување на заемна почит и пријателство меѓу луѓето од различна вероисповест. Се надевам дека и понатаму ќе продолжиме да ја почитуваме верската различност и да ја негуваме толеранцијата, да градиме соживот и добри меѓучовечки односи. Ви посакувам пријатни празнични денови исполнети со мир и благосостојба.