Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на (ReLOaD)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

ОПШТИНА КУМАНОВО ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:

 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (ReLOaD)

Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јули 2020 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.

Во проектот ReLOaD се вклучени 5 општини во земјава: Струмица, Ресен, Гостивар, Кавадарци и Куманово.

Општина Куманово и проектот ReLOaD ги повикуваат сите граѓански организации да поднесуваат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Куманово и со кои се опфатени следните приоритетни области:

  1. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
  2. СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈА
  3. ТУРИЗАМ И КУЛТУРА
  4. МЛАДИНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.

На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD  (до јули 2020). 

Општина Куманово и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 8 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од август 2019 до и заклучно со март 2020.

ПОДОБНОСТ:

Учеството на овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со Законот за здруженија и фондации. Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик (Анекс 10).

ДОКУМЕНТАЦИЈА:

Јавниот повик ќе трае од 15.04.2019 (од 9:00 часот) до 27.05.2019 (до 15:00 часот). Документацијата за пријавување на јавниот повик на општина Куманово може да се обезбеди преку испраќање барање на следната адреса: 11-ти Октомври бб, 1300 Куманово и/или на е-меил: info@kumanovo.gov.mk, coki.ristovski@kumanovo.gov.mk на кое е наведено името на заинтересираната организација, или лично во општина Куманово, улица: 11-ти Октомври бб. Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет апликација може исто така да се преземат од официјалната општинска веб страница (www.kumanovo.gov.mk).

Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Куманово на ден 17.04.2019 година, со почеток во 10:00ч во општинските простории. Обуката ќе се одржи на 17.04, 18.04.2019 и 19.04 во општинските простории.

Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат преку адресата registry.mk@undp.org, со назнака за јавниот повик. Прашањата може да се поднесуваат до 20.05.2019, а одговорите ќе се обезбедат во писмена форма во рок од 3 работни дена од датумот на прием на прашањата. За да се обезбеди транспарентност, прашањата ќе се објавуваат на веб страницата на УНДП.

ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ:

Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во три  (3) печатени копии и една електронска верзија (на CD или USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 09:00 до 15:00 часот на следната адреса:

Општина Куманово

Улица: 11-ти Октомври бб

Поштенски број: 1300 Куманово

Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на повикот за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање. Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи. Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 30 работни дена од затворањето на јавниот повик. Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница (www.kumanovo.gov.mk) и/или на општинската огласна табла.

Потребните документи можете да ги превземете ТУКА! 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст