Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик за стари лица

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Општина Куманово, за потребите на Проектот „Локална прегратка 2“ кој е дел од Програмата Општинско – корисна работа 2019, објавува јавен повик за крајни корисници – стари лица коишто ќе ги користат бесплатните услуги што ги нуди Проектот.

Станува збор за третата проектна идеја во рамки на Проектот „Локална Прегратка 2“ т.е  Сервис за стари лица во домашни услови, којашто ги опфаќа следниве услуги:

  • Психолошка и социјална поддршка;
  • Помош при извршување на секојдневните обврски;
  • Оганизирање на поквалитетно структурирање на времето,

со цел унапредување на квалитетот на нивниот живот и развој на чувството на припадност во заедницата.

За реализација на проектната идеја ќе бидат ангажирани 3 (три) лица во улога на Асистенти за стари лица коишто услугите ќе ги извршуваат во домашни услови.

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица/жители на општина Куманово, коишто имаат потреба од користење на оваа услуга да се пријават во Општина Куманово ( зграда на поранешен Козјак, спроти градскиот стадион) или истото да го сторат на следниве телефонски броеви 075/323-569 и 078/313-149 кај лицето Фросина Цветковска. Пријавувањето можат да го извршат и блиски сродници, соседи и општествено одговорни жители на општината.

Јавниот повик ќе биде во траење од 07.08.2019 година до 16.08.2019 година.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст