ЈАВЕН ОГЛАС


Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Куманово, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016, Програмата Општинско – корисна работа, општина Куманово и Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 08.08.2016 година објавуваат:

ЈАВЕН ОГЛАС

до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Моќно образовно партнерство” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– Млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци;
– Родители на деца со пречки во развојот.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

– работно место: Сценски изведби на проектниот тим ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината – Потребни квалификации: ВСС- Факултет од област на уметност (професор по музичко образование, драмски актер, професор по ликовна уметност, историчар на уметноста или слично), или ВСС со искуство на естрада, во културно-уметничко здружение, или слично;
– работно место: Соло пеење во проектниот тим ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината – Потребни квалификации: ВСС- Факултет од област на уметност (професор по музичко образование, драмски актер, или слично), или ВСС и искуство на естрада, во културно-уметничко здружение, или слично;
– работно место: Инструментален аниматор на проектниот тим ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината – Потребни квалификации: ВСС- Факултет од област на уметност (професор по музичко образование, драмски актер или слично) или ВСС и искуство на естрада, во културно-уметничко здружение, или слично;
– работно место: Музичко-ритмички логопед во проектниот тим ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината – Потребни квалификации: ВСС- Факултет од област на уметност (професор по музичко образование, драмски актер или слично) или ВСС и искуство на естрада, во културно-уметничко здружение, или слично;
– работно место: Учител во проектниот тим ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината – Потребни квалификации: ВСС- Педагошки факултет или Филозофски факултет;
– работно место: Спортски тренер во проектниот тим ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината – Потребни квалификации: ВСС- Факултет за физичко образование, спорт и здравје, или ССС- Училиште за физичка култура;
– работно место: Спортски тренер во проектниот тим ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината – Потребни квалификации: ВСС- Факултет за физичко образование, спорт и здравје, или ССС- Училиште за физичка култура;
– работно место: Педагошки асистент на ученик со попреченост вклучен во инклузивно образование – Потребни квалификации: ВСС- дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост (дефектолог);
– работно место: Педагошки асистент на ученик со попреченост вклучен во инклузивно образование – Потребни квалификации: ВСС- дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост (дефектолог);
– работно место: Педагошки асистент на ученик со попреченост вклучен во инклузивно образование – Потребни квалификации: ВСС- дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост (дефектолог).
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово во периодот од 08.08.2016 година до 19.08.2016 година.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Куманово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Куманово кај лицето Ивана Костовска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово кај лицето Благоја Јакимовски, Центар за социјлна работа Куманово кај лицето Димчо Јаневски.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

Во врска со Јавниот Оглас распишан од страна на Општина Куманово
на 08.08.2016 заради пријавување за работно ангажирање во Проектот
,,Моќно образовно партнерство“
Број на предвидени вработувања со програмата- 10
Работодавач- Општина Куманово
Општински координатор: м-р Ивана Костовска
Телефон: 031 438 633 лок. 20; 076 317 704
E-mail адреса: [email protected]
Веб страна: www.kumanovo.gov.mk

Проектот ,,Моќно образовно партнерство“ ќе се реализира во рамки на Програмата Општинско- корисна работа – 2016 која има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање со скратено работно време – 20 работни часа неделно, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд. Месечниот надомест ќе изнесува 6.200,00 денари за лице, со вклучени персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување ( ако лицето е корисник на социјална парична помош истата не му се укинува). Програмата Општинско-корисна работа, исто така, има за цел преку обезбедување на услуги од социјалната сфера да им помогне на лицата кои живеат на територијата на локалната самоуправа.
1. Целни групи на невработени лица кои можат да се ангажираат во проектот се :
1.1. Млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци;
1.2. Родители на деца со пречки во развојот;
Истите треба да се претходно заведени во АВРМ ЦВ-Куманово на листа на активни
баратели на работа.
2. Корисници на услугите на овој проект од ранливата категорија на граѓани се две целни групи и тоа :
2.1. Целна група – корисници на двата дневни центри во општината за лица со интелектуална попреченост со над 18 годишна возраст, и
2.2. Целна група – малолетни ученици со интелектуална попреченост во Општината;

3. Програмата за ОКР- 2016 на Општина Куманово ,, Моќно образовно партнерство“ се однесува на две категории на лица со интелектуална попреченост, со различни карактеристики и услови во кои живеат и функционираат ; затоа истата е составена и од две различни проектни идеи со посебни цели ;
3.1. Првата проектна идеја или активност има за цел :
– Дневните центри за лица со интелектуална попреченост во Општината да станат место каде корисниците ке добиваат можност за ,, поединечно школување“ ( менторство ); каде со нив ке работи тим кој е способен да направи услугата во дневниот центар да не подразбира само задоволување на основните потреби на корисникот (исхрана, нега, чување ), туку и можност за стекнување образовни услуги и поквалитетно структуирање на времето во текот на денот; односно одржување на тим кој се грижи за квалитетот на понудените и развиените програми за адаптивно школување како колекција на концептуални и креативно – мотивирачки услуги ;
3.2. Втората проектна идеја или активност има за цел :
– Создавање на услови за вистинска инклузија во редовниот образовен процес на барем 3 (три) ученици со интелектуална попреченост во општината, преку воведување на категоријата „педагошки асистент“.
Куманово, 08.08.2016
Општинска Комисија за следење на проектот

ТУКА можете да го превземете флаерот.