ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.01/16 за пополнување на работни места на административни службеници преку унапредување


Врз основа на член 30 став 1 алинеа 2 и став 3 од Закон за административни службеници (Сл.весник на РМ бр.27/14), Општина Куманово објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.01/16
за пополнување на работни места на административни службеници преку унапредување

1.Сектор за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата
Одделение за урбанизам
Реден број 126
Шифра УПР 01 01 В04 000
Ниво B04
Звање Помлад соработник
Назив на работно место Архивирање на урбанистичка документација
Број на извршители 1

за В04 ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
-вид на образование: Организациони науки и управување (менаџмент) и информатика, компјутерска техника и информатика или јавна управа и администрација
– работно искуство: Со или без работно искуство во струката.
– општи работни компетенции: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон клиенти засегнати/страни и финансиско управување
– посебни услови: Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат или да поседува сертификат STANAG 1+1+1+1+,
Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

2.Реден број, шифра и назив на работно место
Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита
Одделение за култура и спорт
Реден број 164
Шифра УПР 01 01 В04 000
Ниво B04
Звање Помлад соработник
Назив на работно место Соработка со млади
Број на извршители 1
за В04 ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
-виднаобразование: Организациски науки и управување (менаџмент) или ликовна уметност или драмски уметности
– работно искуство: Со или без работно искуство во струката.
– општи работни компетенции: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон клиенти засегнати/страни и финансиско управување
– посебни услови: Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат или да поседува сертификат STANAG 1+1+1+1+,
Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Општи услови за пополнување на работно место
-да е државјанин на РМ
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен
-да има општа здравствена способност за работното место
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

На интерниот оглас може да јави административен службеник, вработен во Општина Куманово, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место, како и:
-да е оценет со оцена А или Б при последното оценување,
-да е на работно место кое согласно актот за систематизација е на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас,
-да поминал најмалку две години на тековното работно место и
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас

Рок за пријавување и доставување на пријавата за унапредување на интерниот оглас е 5(пет) дена од денот на објавувањето (не сметајќи го денот на самото објавување)

Начин на пријавување:
Кандидатите ги поднесуваат пополнетите пријави и доказите за податоците содржани во пријавата преку Архивата на Општина Куманово до Одделението за управување со човечки ресурси при Општина Куманово, како и на следната службена електронска адреса: [email protected]

Напомена: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од понатамошна постапка.
Во прилог можете да ја превземете ПРИЈАТАВА: Пријава за унапредување на интерен оглас бр.01/16