Јордан Пачков


ЈОРДАН ПАЧКОВ

Кратка биографија:

Прим. Д-р Јордан Пачков, специјалист по физикална медицина и рехабилитација, акупунктуролог, новинар и публицист е роден во 1949 год.во Куманово.

Со средно образование се стекнува во родниот град, а дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје каде што исто така специјализира Физикална медицина и рехабилитација.

Дипломира во Белград на Меѓународната школа за традиционална кинеска медицина – Отсек Акупунктура со моксибустија при Европскиот центар на Универзитетот за мир и развој под покровителство на Обединетите нации, во калсата на Проф.др.Антоние Скоклев.

Покрај Скопје и Белград,престојува и се усовршува во Љубљана, Словенија, а во 1989 година заминува ан студиско патување во Пекинг , Народна Република Кина, на Меѓубнародниот институт за Традиционална кинеска маедицина.

Сопственик е на повеќе меѓународни и домашни сертификати, дипломи и други признанија од областа на медицината и новинарството. Соработник е на повеќе списанија од ваква тематика и автор на повеќе објавени трудови. Во 1994 година станува добитник на престижното општинско признание , Ноемвриска награда на град Куманово.

Работи во оделот за Физикална медицина и рехабилитација во кумановската Општа болница како специјалист физијатер и началник на Работната единица.Од  ноември 2003 година е актуелен претседател на Здружение на физијатрите на Република Македонија.

Во Април 2008 год. се стекнува со титула примариус. Член е на Советот на Општина Куманово од редовите на ВМРО ДПМНЕ.