Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

119 години од смртта на Гоце Делчев

СОУ Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово денеска одбележа 119 години од смртта на македонскиот национален херој и деец на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев. Делегација предводена од градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Совет на Општината положија свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во училиштето. Со должна почит, Гоце Делчев е борец за слобода, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ и учесник во македонското револуционерно движење.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст