Концерт на Владимир Четкар во рамките на "Кумановско културно лето 2011"

Концерт на Владимир Четкар во рамките на "Кумановско културно лето 2011"


На 16 јули 2011 година, во Касапскиот круг – Куманово, со почеток во 22:00 часот (влез слободен), ќе одржи концерт популарниот македонски џез-гитарист Владимир Василевски – Четкар.

Владимир Четкар е мултиталентиран музичар чии петгодишни студии на Беркли Колеџот за музика му овозможиле да ги совлада композиција, аранжерство и џез гитара до највисоко ниво. Музичкиот стил на Владимир се движи во џез и соул/фанк/денс музика, со влијанија од Квинси Џонс, Сони Стит, Џорџ Бенсон, Џемироквај, Лени Кревитц, Мајкл Џексон и др. Тој активно на настапува на џез места, ноќни клубови и интернационални фестивали во Европа и САД. Неговиот албум „Live at the Ohrid Antique Theater” доби извонредни коментари од џез критиката. Вториот албум на Четкар „We Will Never End”, комбинира џез/соул/фанк и денс жанрови. Концертот на Четкар ќе се одржи во рамките на Кумановското културно лето 2011 година, под покровителство на Општина Куманово, а во организација на Фондација за култура и спорт „Куманово”.