Денови на комедија Куманово 2011

Денови на комедија Куманово 2011


Деновите на комедија синоќа продолжија со претставата „Олово на перница„ од Венко Андоновски, во режија на Димче Николовски на Драмски тетара од Скопје. Во вторник е претставата Метаморфози од Овидиј, адаптација на Дарко Јан Спасов, режија на Андреј Цветановски, во изведба на театраот од Охрид, во четврток театарот Славија од Белград ќе ја изведе претставата „Не се шетај гола„ во главна улога на Ана Сакиќ и Лане Гутовиќ, а во петок театарот од Прилеп ќе ја изведе „Маратонците го трчаат почесниот круг„. аредниот понеделник (10.10), фестивалот ќе продолжи со претставата „Брат за брат, кисело млеко за долари„ во изведба на актерска екипа од Пеќ. Гостите од Бугарија од тетарот во Ќустендил во среда ќе играат „Квартет за двајца„, а актерите Перица Јерковиќ од Босна и херцеовина, Домагој Пинтариќ од Хрватска и Весна Петрушевска, во четврток (13.10) ќе изведат стендап комедии. Манифестацијата во сабота(15.10) ќе ја затвори велешкиот тетар со претставта „Генерална проба за самоубиство„ од Душан Ковачевиќ, во режија на Стојан Стојаноски. Претставите се со почеток во 20 часот. Фестивалот е под покровителство на Министерството за култура и локалната самоуправа во Куманово.