Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

17-ти Меѓународен тамбурашки фестивал 2021

На Градскиот плоштад вечервазапочна 17-тото издание на Меѓународниот тамбурашки фестивал 2021. Традиционалниот фестивал е организиран од страна на Фондацијата за култура и спорт Куманово, а покровители се Градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерството за култура на Република Македонија.На првата фестивалска вечер со свој репертоар настапија: возобновениот состав “Октет Куманово”,тамбурашките оркестри “Ташко и пријателите”-Свети Николе и “Госпон тамбураши”-Нови сад, Р.Србија, а како специјални гости на вечерта се претставија членовите на дуото Дац и Александар. Пред присутната публика се обрати Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст