Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан дваесет и седми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 11.04.2020 година (сабота)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Барање до Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ- Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисови на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово.
  • Согласно актите на Владата на Република Северна Македонија и насоките од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а
  • кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12.04.2020 година), телефонски да ги известат Општинскиот кризен штаб во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење не-евидентираните земјоделците треба да ја најават во Кризниот штаб, еден ден однапред најдоцна до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН ЗА НАЈАВА:  075 273 192

Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица  ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, станица, ОВР, СВР).

На овој начин на не-евидентираните земјоделците ќе им се овозможи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековни земјоделски активности.

Кога се носат одлуки за рестрикција на движење се издвојуваат две групи според возраста за кои посебно се носат ограничувања, а тоа се над 67 години и под 18 год. Кога МЗШВ собира податоци и преку МИОА издава дозволи повторно овие две групи се исклучени од давање на дозволи.

 

 

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст