26-то Генерално собрание на Meѓународната асоцијација на градови носители на порака на мир


Делегација предводена од Секретарот на Општина Куманово Валентина Алексовска, раководител на Сектор за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина и природа Лидија Ланг Спасовска и раководител на Одделение за евроинтеграции Мартин Костовски, присуствуваше на 26-то Генерално собрание на Meѓународната асоцијација на градови носители на порака на мир во Виелун, Полска. Оваа година тема на која дебатираа учесниците беше Европска Унијa- Заветот на мирот и соработката.
Во тридневна посета општинската делегацијата присуствуваше на состаноците на Извршниот одбор и на Генералното собрание на Meѓународната асоцијација. Од оваа година Градоначалникот Зоран Дамјановски стана член на извршниот одбор кој ги предводи операциите на асоцијацијата на градови носители на мирот. На седниците беа усвоени нови амандмани во општиот статут на Meѓународната асоцијација на градови носители на мирот и донесена Декларацијата за правото на мир за 2016 година.

20160902_101148

20160902_121125

20160903_115759

20160903_122357

20160902_100755

Декларација за право на мир од Виелун 2016

Декларацијата за правото на мир од Виелун игра успешна улога во промоцијата и зацврстувањето на правото на мир и се вклопува во рамките на Декларацијата за човекови права од Женева. Истовремено се надоврзува на останатите Декларации на Meѓународната асоцијација на градови носители на мирот од Морфу – Кипар 2010 година; Словенски Градец – Словенија 2012 година и Освиеким – Полска 2013 година. Иако имаат свои сличности, од правна гледна точка не се исти со Правото на луѓето на мир од 1984 година или останатите декларации и резолуции за мир и слобода. Со самото спојување на сите од нив, земајќи ги како целост се прави конфузија дека сите земји го поддржуваат основното човеково право на мир, но не и промоцијата на истите. Земајќи во предвид дека зголемениот број на цивилно-општествените организации помагаат при воочување на разликите помеѓу елементите на програмите за акција и културата на мирот, наместо правото на мир на луѓето како целина, се почесто се споменуваат правата на бегалците, мигрантите, разоружувањето, правата на жртвите на економијата и слично.
Поради тоа Декларацијата усвоена во септември 2016 година од Генералното собрание се однесува на сите држави-членки на Обединетите Нации и ги повикува јавните институции, цивилното општество и луѓето со добра воља да продолжат да се солидаризираат и да ја поддржат промоцијата на правото на мир во контекст на потполно уживање на истото за сите, без исклучок, врз основа на трите столба на ОН – мир и безбедност, човекови права и развој. Декларацијата за мир од Виелун ќе биде пренесена до Генералното Собрание и земјите-членки на Обединтетите Нации, како и Претседателот на Советот за Човекови права, барајќи да вложат најголеми напори во поддршката на можноста за постигнување согласност во реализаација на целите.
Во заклучоците од Собранието од оваа година се наведува дека општинските власти имаат одговорност за воспоставувањето на активна улога во создавање на мирот и промовирање и имплементација на Декларацијата од Виелун 2016. Исто така општините Декларацијата за право на мир треба да ја интегрираат што подлабоко, да ја користат ефективно културата на мирот во планирањето и извршувањето на програмите – особено во образованието, јавното информирање, спортот, заштитата на животната средина и подигањето на квалитетот на животот.

20160902_101131

20160903_122326

20160903_114837

20160902_113708

Виелун,Полска

Освен работниот дел, учесниците имаа можност да се запознаат со културните и историските настани на градод Виелун. Како град на долга и богата историја, во минатото е обележан како една од најважните локации во тогашното Кралство Полска. Делегацијата имаше можност да присуствува на одбележувањето на еден историски момент – комеморација за жртвите од бомбардирањето во Луфтвафе во Втората светска војна. Бомбардирањето од 1939 во Луфтафе, се смета за едно од првите во Европа и резултирало со убивање на над 1200 цивили и со многу повеќе повредени, како и со уништување на 90 проценти од градот.

20160901_195730

20160902_162848

20160902_161959

1024px-wielun_staryrynek_ok1910_z_widokiemnakoscioly_michala_i_jozefa

20160902_154728

Градот на мапата за посета ги издвои: историскиот центар – улицата Sieniewicza и музејот Wielun Region, присуството на Годишната света миса на темелите на парохиската црква, концертите This is Poland и евангелискиот и еврејскиот хор во Town Hall. Покрај многубројните историски богатства се истакнува и почитуваната икона на Пресвета Богородица (Црна Мадона од Ченстохова) сместена во манастирот Јасна Гора – центарот на верскиот восхит.

20160902_165536

20160902_165605

20160902_165715

20160902_165724

Виелун во себе ја носи идејата за скулптурата “Eternal Love“ која е олицетворение и симбол на хармонија, убавина и мир. Скулптурата носи длабока филозофска порака за државите и нациите кои се обединети на меѓународно ниво, во стремеж за одржување на мирот и толеранцијата. Посетата на истата буди истовремено слики од хоророт на војната и потсетува на гласот на една цела нација свесна за ранливоста и комплексноста на светот кој сака да го продолжи своето постоење. Постојаното живеење во грчот на денешното време на терористички напади и воени конфликти налага постојани напори за поддршка на мирот. Универзалниот мировен проект “Eternal Love“ (Вечна љубов) е гест за помирување и толеранција насочен кон светот.

20160901_165711

20160901_195903

20160903_194359

Минатата година Генерално собрание на Meѓународната асоцијација на градови носители на порака на мир се одржа во нашиот град.