26то собрание на Асоцијација на градови на мирот

26то собрание на Асоцијација на градови на мирот


Градоначалникот на Општина Куманово – Зоран Дамјановски со делегација од локалната самоуправа во следните два дена присуствува на 26 собрание на Асоцијацијата на градови носители на порака на мирот кој оваа година се одржува во Месолонги, Грција.  На самата асамблеа присуствуваат делегации од над 30 градови – носители на порака на мирот. Традиционално на самото отварање беше прочитана и пораката од Генералниот Секретар на Обединегите Нации – Банки Мун чија составна комисија е асоцијацината  на градови на мирот . На самото собрание ќе бидат разгледани достигнувањата на градовите членки во промовирањето на вредностите воспоставени во декларацијата за зачувување на мирот и исто така ќе биде извршен прием на нови членки во организацијата. Општина Куманово е дел од оваа големо семејство на градови од 2009 година кога беше свечено примена заедно со Барселона , Мексико Сити и Загреб.