40та седница на Совет на Општина Куманово


Врз основа на член 24 од Статутот на Општината Куманово и член 30 од Деловникот на Советот на Општината Куманово, е донесено

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на Четириесеттата седница на Советот на Општината Куманово

Седницата ќе се одржи на 26 август 2015 година (среда), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот.

Дневен ред

Усвојување на записниците од Триесет и осмата и Триесет и деветтата седница на Советот на Општина Куманово

Информација за водоснабдување на Куманово;

Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП ‘‘Водовод‘‘ – Куманово за период од 01.04.2015 – 30.06.2015 година;

Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за определување на услови, начин и цена на позиции за изработка на приклучок на улична канализациона мрежа со која стопанисува ЈП „Водовод“ – Куманово;

Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за рамномерна распределба на расположиви количини на вода за пиење;

Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за II квартал од 2015 година;

Предлог – Одлука  за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2015 година;

Стратегија за управување со ризици во Општина Куманово (2015 – 2018);

Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општината Куманово;

Предлог – Одлука за давање на користење на недвижна ствар – Спомен–Куќа на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош на Национална установа „Музеј“ Куманово;

Извештај за финансиско работење на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово за период од 01.01.2015 – 31.03.2015 година;

Извештај за финансиско работење на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово за период од 01.04.2015 – 30.06.2015 година;

Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Април – Јуни 2015 година;

Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Ценовникот на угостителски услуги во ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

Предлог – Решение за давање согласност на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово да може да има поголем број на деца во воспитните групи;

Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2015 година;

Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Индустрија”, дел од Урбан блок 82, Плански опфат меѓу ул. “11-ти Ноември”, ул. “Индустриска” и КП 9703 – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Б.С.Гојчо”, дел од Урбан блок 47, Плански опфат меѓу ул. “Денко Драганов”, ул. “Вера Которка”, ул. “Моша Пијаде” и ул. “Магдалена Антова” – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт- Детален урбанистички план за дел од У.Е. “11-ти Ноември”, дел од Урбан блок 65-г, плански опфат меѓу ул. “Крсте Мисирков”, крак на ул. “Крсте Мисирков” и бул. “Октомвриска Револуција” – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт- Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Трета МУБ”, дел од Урбан блок 48 дел 6, плански опфат меѓу ул. “Миле Кипра”, ул. “Трета МУБ”, ул. “Драган Стопаревиќ” и ул. “Перо Шварц” – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Измена и дополна на Детален урбанистички план за една градежна парцела на КП 19471  г.п. 1 за дел од УЕ “Б.С.Гојчо”, УБ 44, плански опфат меѓу ул. ”Миле Кипра” и ул. ”Љупчо Арсов” во Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 336/4, м.в. Герен, КО Тромеѓа – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 632, м.в. Габер, КО Биљановце-вон г.р. – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1109/1, м.в. Јазовица, КО Доброшане-вон г.р. – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1289/1, м.в. Рид, КО Шупли Камен – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1527/3, м.в. Трлиште, КО Куманово – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1673/2 и 1674/2, м.в. Црно Поле, КО Куманово – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1761/1, м.в. Коловоз, КО Доброшане-вон г.р. – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4248/1, м.в. Арапов Кладанац, КО Куманово – Општина Куманово;

Предлог – Решение за именување на претставници од Општината Куманово за членови на Училишниот одбор во СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово;

Предлог – Решение за именување на претставници од Општината Куманово за членови на Училишниот одбор во СОУ Гимназија “Сами Фрашери” – Куманово.